Change Font Size

Change Screens

Change Profile

Change Layouts

Change Direction

Change Menu Styles

Cpanel

Сертификати

Е-пошта Печати PDF

Според член 44 од Правилникот за користење на лифтови и транспортери, барањето треба да го содржи следното:

-     име, презиме и адреса или назив и седиште на подносителот на барањето,

-     тип и намена на опремата за подигање,

-     локација каде е вградена опремата за подигање,

-     име, презиме и адреса или назив и седиште на производителот, или лицето кое ја пушта на пазар опремата за подигање или правното лице кое извршило значајни измени на истата,

-     писмена изјава дека слично барање не е поднесено до некое друго независно правно лице,

-     документација за опремата за подигање,

-     податоци за извршени значителни промени со соодветна документација,

-     технички извештаи од претходни технички прегледи и/или испитувања на опремата за подигање,

-     сертификат за сообразност на опремата за подигање и/или на вградените сигурносни уреди.

           Техничката документација треба да содржи:

-     сите потребни пресметки, скици, цртежи, електрични шеми и дополнителни измени на конструкцијата на опремата за подигање,

-     сертификат за сообразност на опремата за подигање,

-     сертификат за сообразност на вградените сигурносни уреди,

-     упатство за употреба, упатство за одржување и упатство за периодични прегледи,

-     матична книга на опремата за подигање.

You are here Почетна